Делчевскиот градоначалник ќе донира дел од својата плата во Фондот за борба против Ковид-19

Од:

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски ќе донира дел од својата плата во Фондот за борба против коронавирусот. Во неговата јавна објава тој истакна дека се придружува на своите колеги од регионот, кои исто така дадоа свој личен придонес во борбата против Ковид-19.

– Во овие тешки моменти за државата, кога солидарноста и почитта кон поединецот се делата кои имаат вредност, воден од моралната обврска како градоначалник, но пред се’ како човек и без разлика
на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во Фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19. Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже солидарност и колективна одговорност, бидејќи за луѓе се работи, за нашите граѓани и за нашата држава, додаде Трајковски.

Претдходно на иницијатива на претседателот на делчевскиот совет Драган Маневски од својот паушал за месеците март и април се откажаа и делчевските советници кои најавија дека средствата во висина од околу 300 илјади денари исто така ќе ги донираат во Фондот за борба против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка