Дел од вработените во институциите и училиштата се враќаат на работа

Од:

На 74-тата седница одржана вчера, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 со која го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родители на деца до 10 годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.

Дополнително, информираат од Владата, со оваа одлука на своите работни места и во редовен работен процес се враќаат сите вработени во институциите кои за време на претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија имаат зголемен обем на работа во делокругот на нивната надлежност поврзана со изборниот процес (на пример: Државната изборна комисија, Основниот и Вишиот управен суд и други), и кои досега по различни основи беа опфатени и ослободени од работни активности со мерките и препораките на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски