Дел од струшките плажи без спасители на вода

Од:

Поголем дел од струшките плажи имаат спасители, додека дел од нив ја одбиле понудата на Црвениот крст во Струга, информира Адуриме Даути, секретар на општинската организација на Црвен крст.

Спасители на вода обезбедиле концесионерите на „Машка плажа“, кај хотел „Дрим“, „Женска плажа“, „Аквариус“ и „Версус“. Останатите, нагласи дека одбиле да земат спасители, што, според Даути, покажува дека безбедноста на сите плажи не е на потребното ниво.

– Црвениот крст од Струга апелира до надлежните да побараат од останатите концесионери да ги исполнат законските услови, за безбедност на сите капачи и за подигање на угледот на нашиот град во очите на секој посетител и турист. Во екот на оваа туристичка сезона да ги обезбедат плажите со потребните спасители, изјави Даути.

Тој додаде дека спасителите и оваа година будно ја вршат работата и оти имале неколку интервенции на повреди во капалиштата, каде навреме било реагирано и одбегнати се трагедии.

Црвениот крст од Струга годинава има ангажирано 13 спасители на вода, кои претходно беа обучувани и се стекнаа со потребните лиценци.

Би можело да ве интересира

Починато бебе однесено во струшката болница

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција