Дел од приведените терористи учествувале и во нападот на Гошинце

Од:

Дел од лицата осомничени за тероризам, по приведувањето и разговорите, ја потврдиле инволвираноста и во нападот на Полициската станица Гошинце, посочувајќи го местото на кое го сокриле и складирале оружјето украдено од станицата.

Како што денеска соопшти МВР, врз основа на добиено оперативно сознание на 10 мај годинава, биле извршени претреси на две локации во Малино Маало, село Брест, на отворен простор во импровизирани бункери.

– При претресите пронајдена е поголема количина оружје и муниција, вкупно 61 парче автоматско оружје од кои 21 автоматска пушка од украинско потекло, 35 автоматски пушки од југословенско потекло и една автоматска пушка од кинеско потекло, една полуавтоматска пушка и три пушкомитралези, вкупно осум сандаци со муниција калибар 7,62 од кои седум се пломбирани со муниција и еден отворен. Од првично направените проверки утврдено е дека од вкупно 59 парчиња автоматско оружје, кои имале јасни и видливи сериски броеви, 54 пушки со сериски број се сопственост на МВР на РМ, односно оружјето кое било одземено од страна на криминално-терористичката група од ПС за ГН Гошинце на 21 април годинава, стои во соопштението од МВР.

Пронајдената муниција, се посочува, ќе биде предмет на дополнително вештачење, односно потврдување на сомненијата дека станува збор за истата која била одземена од Полициската станица Гошинце.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци