Дел од повредените ќе се пренесуваат во болници во европски држави

Од:

Во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за повредените во страотната несреќа во Кочани. Воедно ги имаме сите неопходни материјални средства и немаме потреба од било какви донации, објави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

– Има понуди за помош од повеќе држави. Се вршат подготовки за транспорт на тешко повредените лица во врвни болници од оваа област во неколку европски држави. Немаме зборови со кои може да се опише тагата од оваа ужасна несреќа. Сочувство до семејствата кои ги изгубија своите најблиски, информираше Ангелов.

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Бројот 112 да не се користи како информации и за секојдневни проблеми, повикуваат од ЦУК

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он