Дел од булеварот „Теодосиј Гологанов“ затворен за сообраќај

Од:

Поради изведување градежни работи денеска и утре целосно ќе биде затворена за сообраќај делницата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со улицата „Московска“ до крстосницата со булеварот „8. Септември“.

Автобусите на јавниот градски превоз на автобуската линија со број 4А, во правец од Центар кон Тафталиџе 2, ќе бидат пренасочени по булеварот 8. Септември, булеварот Партизански одреди и по улицата Московска. Во насока од Тафталиџе 2 кон Центар автобусите ќе се движат по истата траса, во обратна насока.

Автобусите на линиите 5 и 5А, во правец од Центар кон Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени преку булеварот 8.Септември, булеварот Партизански одреди, улицата Московска и ќе продолжуваат по својата траса, по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Во обратна насока автобусите ќе се движат по истата траса и притоа ќе ги користат постоjните автобуски стојалишта.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат