Дел до училиштата во Делчево бараат онлајн, дел настава со физичко присуство

Од:

Делчевските советници ги донесоа одлуките со кои од Владата се бара дозвола училиштата во Делчево да организираат онлајн и настава со физичко присуство. Согласно одлуката, како што е истакнато во образложението, дел од училиштата бараат настава со физичко присуство, а дел онлајн настава.

– Одлуката се однесува за организирање настава со физичко присуство за учебната 2020/21 година за учениците од Средното општинско училиште „М.М.Брицо“, Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“ заедно со подрачните училишта и настава со физичко присуство за учениците од 1 до 5 одделение од подрачните училишта на Општинското основно училиште „Ванчо Прке“. Одлуките од Советот ќе бидат доставени до Комисијата формирана од Владата за разгледување барања за организирање настава со физичко присуство, е истакнато во образложението од Советот.

На 44. седница на Советот, детската градинка „Весели Цветови“ доби согласност за работно време со времетраење од 5 до 18 часот и согласност за формирање групи со помал број деца од бројот предвиден во Законот за заштита на децата.

Четириесет и четвртата седница започна со оддавање едноминутна почит за починатите од Ковид-19 во Делчево.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска