Декларацијата на бугарското Собрание не е во согласност со договорената политика за унапредување на меѓусебните односи, смета Ковачевски

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање да даде коментар за усвоената Декларација од бугарското Собрание со која се „осудува антибугарската реторика во Северна Македонија“, вели дека тоа не е во согласност со договорената политика за унапредување на меѓусебните односи.

-МНР имаше официјална реакција. Прво, со жалење и Министерството и јас констатирам дека собраниската декларација за наводна ескалација на агресивни антибугарски активности во Северна Македонија што се усвои на последниот ден од работата на Собранието на Бугарија, пред распишување на парламентарните избори не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство и волја за нејзино спроведување, рече Ковачевски.

Според него, со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, таа може исто така да оди само во прилог на провокаторите чија цел е да предизвикаат политички активности што негативно влијаат на односите помеѓу двете држави и со тоа ги минираат напорите за враќање на конструктивната патека и правење на партнерски односи помеѓу двете држави.

-Секој чин на провокација од која било страна случајно или намерно во моментов станува дел од сценаријата во прилог на ескалација на состојбите и како таков сметаме дека е во спротивност на декларираните заложби за враќање на дипломатската агенда онаму каде што и е местото, односно во дипломатиите на двете држави. Би сакал и поконкретно за одредени делови да ви одговорам, а тоа е по однос на содржината на самата декларација. Северна Македонија во изминатиот период преку конкретни проекти и активности покажа дека посветено работи на спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и соработка со Бугарија. Содржините што се наведени за постоење системски проблеми со правата и безбедноста на етничките Бугари во Северна Македонија, целосно се косат со институционално етаблираните факти од релевантни меѓународни институции кои го следат спроведувањето на човековите права на сите етнички заедници во Северна Македонија, вклучително и на бугарската. Тука би додал дека ние како држава сме веројатно држава во Европа па дури и во пошироки рамки која на највисоко ниво институционално, законски и процедурално ги има издигнато правата на етничките заедници во државата, нагласува тој.

Исто така, додаде премиерот, и МНР и поголем број други државни институции во повеќе наврати посочија дека Законот за фондации и здруженија не е насочен против здружување на ниту една етничка заедница, туку против принципот здружение на граѓани да носат имиња на контроверзни личности кои претставуваат провокација не само за етничките Македонци, туку и за сите други граѓани коишто живеат во Северна Македонија.

-И затоа во тој контекст не постои никаква правна основа ниту пак сериозен аргумент да се поврза работата на Историската комисија со измените на Законот за здруженија и фондации, бидејќи таа – Историската комисија ќе ја продолжи својата работа врз научно аргументирани и потврдени факти и нема никаква допирна точка со условите под кои се формираат и функционираат здруженијата на граѓани и фондации. Условот за носење на одлуки во Историската комисија е консензус на седум професори по историја на македонска страна и на седум професори по историја од бугарска страна. Без еден потпис нема договорено решение за ништо, кажа тој.

Ковачевски потенцира дека Северна Македонија не преговара со Бугарија за влез во ЕУ.

-Ние преговараме со 27 земји членки и Европската комисија за ЕУ и сме должни да ги спроведуваме обврските во однос на скрининг процесот со ЕУ којшто тече во најдобар ред. Остануваме исто така на ставот дека за случајот и за други случаи на провокации со физички напади коишто се случија во нашата држава институциите реагираа соодветно. Сторителите на прекршоците се приведени и се водат истражни дејствија коишто се во тек и коишто се одвиваат неселективно по ниту еден основ. И исто така, сите овие настани беа осудени од сите државни претставници на државата. Оттука, бројните изјави за вакви случаи сега веќе преточени и во содржината на декларацијата во бугарското Собрание ги сметам за преувеличени и неосновани кои на ниту еден начин не соодветствуваат на реалноста.

Во однос на тоа дали стравува од нова бугарска блокада, тој вели дека она што треба да правиме е да работиме напорно за да ги исполниме критериумите на ЕУ за полноправно членство.

-Прво, Северна Македонија апсолутно се придржува кон сите обврски и конвенции во однос на правата на сите етнички заедници во државата без исклучок која и да е таа и затоа ако продолжиме и во иднина да се придржуваме до нив што може да се види од сите извештаи на меѓународни институции не може да се стравува од каква било еднострана блокада. Она што треба да правиме е да работиме напорно за да ги исполниме критериумите на ЕУ за полноправно членство, дециден е Ковачевски.

Додека течат подготовките за одбележување на годишнината од раѓањето на Делчев, бугарското Собрание вчера усвои Декларација, во којашто, како што се вели, ја осудува „антибугарската реторика во Северна Македонија“. Бугарските пратеници едногласно со 185 гласа „за“ им наложија на македонските институции да донесат системски мерки за да запре говорот на омраза врз Бугарија во земјава. Во декларацијата се осудува, како што велат „злосторството направено врз Пендиков и за одлуките за ограничување на дејноста на бугарските здруженија. Според нив, „ако со ескалацијата на антибугарската кампања се загрози процесот на менување на Уставот, тоа ќе се одрази и врз интеграцискиот пат на Северна Македонија“.

На ова синоќа реагираше македонското МНР, кое со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Северна Македонија“ не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на волја за нејзино спроведување.

Би можело да ве интересира

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска

Ковачев контра Османи во европарламентот: Во Македонија има 120.000, а не 3.500 Бугари

A1on

Османи: Какви ќе бидат уставните измени е точно наведено во билатералниот Протокол потпишан со Бугарија

Ана Ололовска