Во Санта Круз, Боливија, беа убиени и Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш и Дејанчо Лазаревски (43) познат како Македонец од Струмица, како и Вања Милошевиќ од Србија, а сега се појавија фотографии од убиените Ѓекиќ и Лазаревски.
Странскиот медиум „Редуно“ објави фотографии од двајца мажи за кои тврдат дека се убиени, Србинот Миљан Ѓекиќ (38) и Дејанчо Лазаревски (43) познат како Македонец.
Боливиската полиција, за потсетување, ги пронајде нивните масакрирани тела во кујната на изнајмена куќа, откако соседите пријавија дека слушнале музика и вознемирувачки вресоци што доаѓале од неа.
– Пронајдени се три тела, завиткани во црни пластични кеси, кои најверојатно биле подготвени за транспорт на друга локација – велат извори од истрагата.
– Телата во црни кеси се пронајдени во кујната. Се сомнева дека планот на убијците бил да ги транспортираат на друга локација, но дека не успеале да го сторат тоа бидејќи полицијата влегла во куќата и го открила злосторството – наведуваат тие.