Дехари официјално ја презеде функцијата градоначалник на Кичево

Од:

Во просториите на општина Кичево денеска официјално новоизбраниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари ја презеде функцијата.

Дехари изрази благодарност до сите граѓани кои му ја дале довербата, како што рече, да раководи со општина Кичево.

– Граѓаните на оваа општина покажаа демократска зрелост. Благодарност упатувам не само кон оние што гласаа за мене, туку и за останатите граѓани бидејќи јас сум градоначалник на сите оние што живеат на територијата на општина Кичево, изјави Дехари.

Тој најави дека од денеска ќе работат на решавање на сите предизвици кои ќе се јават работата, а сето тоа во интрес на сите граѓани во Кичево.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар