Дехари: Напролет инвестиции од кичевската дијаспора

Од:

Општинската админинистрација е подготвена за првите инвестиции од кичевската дијаспора кои ќе се реализираат напролет, најави градоначалникот Фатмир Дехари.

Според него, станува збор за инвестиции од кичевчани кои се успешни бизнисмени во Западна Европа и Америка. Дехари во интервју за локална телевизија информира дека е при крај подготовката за да почне со работа фабриката за произвотство на пелети во индустриската зоната во Иванидол (во моментот се монтираат модерни машини кои се носат дел по дел од Швајцарија) од бизнисменот Агим Елези, по потекло од село Гарани, кој работи во Швајцарија.

Се подготвува и теренот за почнување со градба на новата фабрика за преработка и флаширање вода, како и производство на безалкохолни пијалоци од бизнисменот Мефаил Ибиши кој исто така работи во Швајцарија, но е со потекло од Гарани.

„Оваа локација се наоѓа над стадионот на „Влазерими”, од левата страна на брегот на Зајашка река. Во овој регион се подготвува и се гради нова модерна приватна болница со модерна опрема од кичевски бизнисмен кој работи во САД Идриз Шабани. Во село Премка се гради модерна живинарска фарма или поточно ќе се прошири бидеќи со помал капацитет и до сега работеше, а е инвестиција на Бурим Ахмети, повратник од Австрија во родното село Премка. Овије инвестиции може да се рече се завршена работа и кога ќе стартуваат ќе се знае колку луѓе ќе вработат“ , истакна Дехари.

Има, дополни, и други најави, но овие се веќе конкретни и сигурни.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски