Дехари демантира дека давал откази по етничка линија

Од:

По објавувањето на веста дека во Општина Кичево веќе почнале да се делат откази за
врабоетните Македонци, градоначалникот Фатмир Дехари вели:

„За жал, македонските
медиуми имаат тендеција да прават пресија врз Општина Кичево. Тие треба проблемот
да го барат на друго место. Општина Кичево е во тешка финансиска состојба, со големи
долгови, кои ќе ги објавам наредните денови, и сега имаме преголем број вработени, кои
дојдоа од претходните општини. Не се работи за отказ на вработени со редовен однос,
но за 10-15 лица, кои беа политички манипулирани од претходниот градоначалник за
предизборниот период, кои вработувал по договор на одреден период. Значи, се работи за
вработувања извршени во јануари-февруари и за политички манипулирани лица“.

Дехари, исто така, ги демантира објавувањата дека овие денови се поставени нови
албански знамења во магистралната во близина на Зајас.

„Јас, со моја наредба, веќе го
ставив албанското знаме пред Општината. А, тие знамиња, за кои вие прашувате, се
поставени пред неколку месеци од страна на гаѓаните и со нивна волја“.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски