Дедомразовска трка во Скопје

Од:

Во центарот на Скопје денеска ќе се одржи Дедомразовска трка, како дел од празничната новогодишна програма на градот. Почетокот е напладне, во 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот.

Патеката по која ќе се трча почнува од плоштадот „Македонија“ кон портата „Македонија“, па во правец на Градската болница, новата зграда на МНР по мостот кај „Холидеј Ин“, покрај кејот на Вардар кон Археолошкиот музеј, плоштадот „Филип Втори“, Камениот мост, до целта на плоштадот „Македонија“.

Учеството во трката чини 199 денари, а секој натпреварувач добива стартен број и новогодишна капа. За првите 250 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада. Учесниците кои немаат дедомразовски костум, треба да носат новогодишна капа и да бидат облечени во облека во црвена боја.

Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер. Добродојдени за учество се сите старосни групи. Должината на патеката е 1,5 километар, можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето е преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Трката ја организира Град Скопје преку Конгресниот центар „Александар Македонски“ и Здружението „Прв до врв“, а нејзин главен поддржувач е Coca-Cola.

Ова ќе биде второ издание на трката во која учесниците се облечени во дедомразовски костуми, по ланската премиера.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ