Дедо Мраз во Тетово на велосипед

Од:

Дедо Мраз може да пристигне и на велосипед, наместо на санка која ја влечат ирваси. Идејата да се спои легендата за дарежливиот старец со бела брада со возењето на велосипед потекнува од иницијативата „Тетово на точак“.

– И годинава Дедо Мраз им носи пакетчиња на тетовските дечиња со помош на велосипед. Со оглед на високата загаденост на воздухот во градот, ова превозно средство е најсоодветно – изјави Дедо Мраз кој денеска со велосипед заедно со повеќе граѓани разнесуваше подароци по повод новогодишните празници на лицата со посебни потреби.

Од иницијативата „Тетово на точак“ досега имаат организирано повеќе слични настани со цел подигање на свеста за користење на велосипедот како поевтино и поеколошко превозно средство.

МЕТА

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски