Децата во охридските болници добија новогодишни пакетчиња

Од:

Децата со посебни потреби кои се лекуваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и децата во детското одделени при Општата болница во Охрид денеска ги добија подароци.

Радосни и возбудени од средбата со Дедо Мраз, децата ги примија подароците и се фотографираа со дедото со бела брада и црвена облека.

Новогодишни подароци добија и децата кои извршуваа дневни прегледи во овие установи.

Организатор на настанот е Здружението на граѓани за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан медиа“ со поддршка на Општина Охрид и Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум