• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Децата пронајдени оставени во автомобил во Ново Лисиче, сместени во згрижувачко семејство

by А1он29/08/2019 - 15:53907
Share0

Меѓуопштинскиот Центарот за социјални работи привремено во згрижувачко семејство ги згрижи децата кои синоќа беа оставени во автомобилот во Ново Лисиче.

Добивај вести на вибер

Од Центарот велат дека е во интерес на децата да се згрижени безбедно и да ја добијат потребната нега.

-Стручниот тим смета дека во моментов најдобар интерс на децата е да бидат сместени на безбедно место каде што ќе ја добијат потребната грижа нега и психосоцијална подршка. Ова значи времено сместување на друго безбедно место, а во однос на родистелското право ќе треба да ги комплетираме потребните документи да се консултираме и во Министерството за внатрешни работи и со основното јавно обвинителсто да видеме со кој факти и докази располагаме, изјави директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Наташа Станоевиќ.

Таа додаде дека стручен тим ќе работи и со родителите на децата и тој ќе треба да ги оцени нивните родителски капацитети. Таа проценка, заедно со другите информации ќе бидат основа брз која ќе биде донесена евентуална одлука за одземање на родителско право.

Две деца синоќа околу 22 часот беа најдени оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

– На 28 август околу 21:50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’“, информираа од МВР.

По презмени мерки од полициските службеници ги пронашле родителите на децата. За случајот полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот.

hronika

Би можело да ве интересира

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 14:12

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски13/01/2026 - 14:1813/01/2026 - 14:21

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Катерина Ѓуровски13/01/2026 - 13:13

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски13/01/2026 - 08:1413/01/2026 - 08:16

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 14:38

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 13:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен