Деца го пронајдоа исчезнатото девојче од Кочани во близина на нејзниот дом

Од:

Успешно заврши потрагата по малолетната Наташа од кочанското село Оризари. Веста на социјалните мрежи ја објави Елена Кузманова, која претходно го сподели и апелот за помош за потрагата по 16-годишното девојче. Наташа е пронајдена од неколку момчиња кои учествувале во потрагата во близина на куќата каде живее, по што е пренесена во болница за да и се направат прегледи.

“Господ е голем..Наташа Николова е пронајдена! Ви благодарам на сите хумани луѓе што помогнавте на било каков начин!!”, напиша Кузманова.

Претходно, два дена се трагаше по девојчето, дури и во лошо временски услови. Освен МВР, во потрагата беа вклучени доброволци кои се одзвале на апелот од социјалните мрежи, пријатели, роднини. Се пребаруваше и на Гоцева шума, каде последно биле слушнати гласови.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он