На ФБ страната на „Чувари на демократијата“, е објавена фотографија од посетата на децата без родители од Домот „11 Октомври“ на кампот спроти Собранието.
„Од вчерашната дружба со децата од Домот “11 Октомври“ во “Кампот на чуварите на демократијата“, напишано е на страната.
Тие кампуваат во Парк-жена спроти Собранието на РМ, и како што велат ги бранат демократијата и делата на актуелната власт.
А1 он ги покри лицата на децата поради нивна заштита.
Во една од бомбите, СДСМ презентираше снимки за кои посочи дека се доказ како власта си поигруваа со децата без родители и ги користи за гласање.
Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и соговорник (директорка на Дом)
ДД: Еее вака сега министре, прашав еднаш во домот јас нели блиску и живеам. Имаме значи две деца што имаат лична карта на Скопје тие ќе гласаат тука во домот, тоа се Колев Виктор и Елизабета, другите имаме уште 6 дечиња што се полнолетни меѓутоа и они сакаат ако им се плати патот би оделе да гласаат за Груевски буквално така викаат
МЈ: Оти патот ако им се плати?
ДД: Има едно дете во Виница… три во Куманово, едно во Гостивар и едно во Охрид
МЈ: Вака вака кажи му ќе му платиме нека си дојдат со сметките со сметко потврда ќе му рефундираме пари лично
ДД: Не јас и од домот ќе им платам само да знаете ви реферирам дека 6 деца ќе ги пуштиме нека одат да гласаат на место на живеење кај шо имаат лични карти…
МЈ: Ти ми одговараш за 8 гласачи ајде.
ДД: А за овие двете ќе гласаат тука да.