А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Дебатата за законот за јазиците ќе продолжи по локалните избори

by А1он23/09/2017 - 15:3623/09/2017 - 15:44196
Share0

Собранието на Република Македонија попладнево ја прекина работата по 15. седница и како што најави претседателот на Парламентот Талат Џафери пратениците ќе продолжат по локалните избори.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пратениците денеска шести ден во рамки на 15. седница дебатира по Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Џафери рече дека ја прекинува дебатата согласно неговата најава дека Парламентот нема да работи на почетокот на кампањата за изборите, но и, како што рече, да нема чувство дека некој по секоја цена сака да постигне некоја цел.

– Како резултат на дебатата произлезе дека од интерес на граѓаните, да не кажам на дел од граѓаните, е и потребата за носење и на соодветниот закон којшто е во редовна постапка за којшто се надевам ќе продолжиме исто така со успешна и плодна конструктивна дебата, рече Џафери.

Следете a1on на Youtube YouTube

Се надевам, дополни, дека никој од учесниците оваа ситуација нема да ја користи во предизборни цели и во кампања. А тоа најдобро ќе го ценат, ќе го покажат и ќе го решат граѓаните на РМ, потенцираше Џафери, кој воедно на учесниците на изборите им посака мирна успешна предизборна кампања.

Во тек на шестдневната расправа за законот во Собранието опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека законот е неуставен и побара да биде повлечен. Смета дека со постапката за негово носење е прекршен собранискиот Деловник со цел во пресрет на локалните избори да се реализира договор меѓу коалициските партнери од власта.

Од мнозинството, пак, истакнаа дека законот е уставен, не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе овозможи заокружување на Охридскиот рамковен договор.

Петар Атанасов од СДСМ во тек на денешната расправа рече дека сите пратеници од албанските политички партии кажуваат дека има потреба од ваков закон, но оти ВМРО-ДПМНЕ немале храброст да го затворат ова прашање.

– Ајде да го затвориме последното големо прашање од Охридскиот рамковен договор и заедно да градиме една единствена заедничка мултикултурна и демократска граѓанска Македонија, наведе Атанасов.

Според Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, носењето на законот не е од практична причини за употреба на јазиците од страна на етникумите во Македонија, туку, како што рече, поради предизборниот период и она што е ветено како договор и основа за коалицирање помеѓу партиите од владејачкото мнозинство.

Поповски, пак, повтори дека е за закон за јазици, но оти е против постапката и одлуката за негово носење од страна на парламентарното мнозинство. Од сите, како што рече, неиздржани аргументи, најмногу го загрижувал и го смета за најопасен аргументот дека Европската унија така налага.

– Да не ја злоупотребуваме ЕУ. Ако веќе ја ставаме ЕУ во оваа корелација не може да го избегнеме фактот дека не постои заедничка политика за јазична употреба во рамки ЕУ, рече Поповски.

Реплицирајќи му, Томислав Тунтев од СДСМ наведе дека е факт оти ЕУ нема заедничка политика во однос на јазиците, но дека ЕУ нема ниту заедничка политика во однос на образованието, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ вовела екстерно тестирање виз-а-ви европските искуства. Значи, потенцираше, ние можеме да ги земаме искуствата без оглед дали ЕУ има или нема заедничка политика затоа што ЕУ како заедница на независни суверени држави решила кои ќе се областите за кои ќе има заедничка политика. Очигледно ова не е, но тоа не значи дека не е регулирано во тие држави. Напротив, Белгија, Финска, Естонија, Франција, Шпанија, Италија.. секаде се модели каде на еден или на друг начин го регулираме ова прашање, но таму немало конфликт во 2001 година и Рамковен договор во чии рамки се движиме овие години, рече Тунтев.

Во бројните реплики на Поповски од неговите сопартијци, меѓу останатото беа упатени критики за финансиските импликации на законот, кој, според нив, е дискриминаторски во однос на другите малцински заедници. Македонија, како што наведоа, со овој закон ќе биде единствена унитарна држава која ќе донесе закон за употреба на два службени јазика без за тоа да има реална основа.

sobranie

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 12:5419/06/2026 - 13:08

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Горан Наумовски10/06/2026 - 12:30

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:36

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто