Дебата за законот за медиуми во Собранието

Од:

Јавна расправа се одржа денеска во Собранието на Република Македонија за Предлог законот за медиуми, за кој како и вчера мислења на медиумските работници и експерти се крајно спротиставени. Дел сметаат дека закон за медиуми не и треба на Македонија, а дел го поздравија неговото носење. Не изостанаа ниту коментарите за состојбата со медиумите и медиумските работници во земјава.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски истакна дека законот се однесува на сите медиуми и оти од неговото прво претставување во јавноста досега се направени повеке корекции, по сугестија на странските и на домашните експерти. Појасни одредени членови кои подолго време беа дискутирани како што е електронска публикација, дефиницијата за новинар, надлежноста на идната Агенција за медиуми.

Поделбата на два закона – за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на закон за медиуми, според Ивановски била по препорака на ОБСЕ, странски и домашни организации со цел појасно и попрецизно да се знае што се однесува на печатените и електронските медиуми, а што за радиодифузерите.

Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинари рече дека оваа трета верзија на законот е подобра од претходните, но оти загриженоста и недовербата кај новинарите и медиумските организации останува поради одредени членови во законот, како што е на пример рестриктивното дефинирање на новинарите.

Според неа, законот не ги допира вистинските прашања. Смета дека по примерот на Хрватска треба да има посебен член што ке го уредува статусот на слободните новинари. Чаусидис предупреди дека законот нема членови кои би се однесувале на безбедноста на новинарските екипи, казни за нивен напад, работното време на медиумските работници, кое предупреди не може да биде осум часа како во други дејности, не се воведува обврска за здравствено и пензиско осигурување за медиумските работници со договор на дело како што е во Франција и од скоро во Србија.

Осврнувајќи се на случајнот со новинарот Томислав Кежаровски, кој веќе трет месец е притворен поради сомнение дека открил заштитен сведок, претседателката на ССНМ, предупредува дека тој ја обесхрабрува идејата за истразувачко новинарство.

Предлог за воведување лиценца за новинарите денеска изнесе новинарката Мирка Велиновска, која смета дека исто така треба да се појасни и дефиницијата за тоа што е новинар.

Уредничката на Вечер, Ивона Талевска и претседателката на Македонската асоцијација на новинари Слаѓана Димишковска најавија дека до Собранието ќе достават амандмани за одредени членови на предлог-текстот. Талевска го поздрави донесување на законот и рече дека со него ќе се заштитат новинарите и нивните права.

Претставникот на Центарот за развој на медиуми, како и дел од уредниците на неколку печатени медиуми и електронски публикации сметаат дека ваков закон на Македонија не и е потребен, но сепак коментираа одредени негови членови.

Двете расправи посветени на медиумските закони, вчера и денеска што се одржаа во организација на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. Пред нивното донесување, како што најави вчера министерот Ивановски, на 13 август ќе се одржи уште една со експерти од ОБСЕ, Советот на Европа и TAIEX.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on