А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Дебата за употреба на јазиците: За власта потреба, за опозицијата разнишување на соживотот

by А1он14/11/2017 - 14:4680
Share0

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојловски во својот говор за законот за употреба на јазиците рече дека ова законско решение не е спроведливо и дека нема да го разбие јазот меѓу Македонците и Албанците. Според него, овој закон уште повеќе ќе побуди чувства на недоверба и страв кај граѓаните од двете етнички заедници.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Ќе ви набројам неколку негативни случаи во Тетово за практикување на власта и непочитување на чувствата кај сите. Во локалната самоуправа имаме три јавни претпријатија, а нема ниту еден Македонец. На 31 раководна позиција нема ниту еден Македонец, 6 средни училишта, а нема ниту еден директор Македонец. Ако говориме за градење доверба, ова не покажува дека ја немаме во пракса. За празникот 8 Септември нема никаква активност во Тетово.

За пратениците од владејачкото мнозинство, предлог-законот е потреба и треба да биде донесен заради подобрување на соживотот во државата. Пратеникот Павле Боговески ги повика пратениците да дадат поддршка на законот и да не се водат од политиканство.

„Начинот на практикување на власта на одредени функционери нема врска со спроведување на законот. Сега не зборуваме за нив, се фокусираме на законот за јазици. Мора да тргнеме од практична потреба на терен. Сè што има политиканство нема да донесе резултати. Да дадеме зелено светло на овој прелог и на амандманската расправа да дадеме предлози кои ќе бидат во интерес на подобрување“, рече Богоевски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во расправата се вклучи и пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми, кој негираше дека во општина Тетово нема доволен број функционери Македонци на клучни позиции.

„Мене не ми претставува никаков проблем јазикот да ни биде средство за разбирање. Мојот македонски е многу подобар од неговиот албански, а и двајцата сме од Тетово. Да се зборува за чувства е многу субјективно. Не е точно дека нема Македонци на клучни позиции.Директорот на средното медицинско училиште е Македонец, на спортската гимназија, на економското училиште исто така е Македонец, но беше сменет затоа што нè нападна на 27 април“, рече Адеми.

Уште еднаш реплицираше Манојловски по што комуникацијата им ја прекина собранискиот спикер Талат Џафери, кој им порача да седнат на кафе во Тетово и да си разменат мислења за случувањата во нивиот град.

Инаку, ова е втор ден дебата по предлог-законот за употреба на јазиците, по прекинот од 15 октомври. Се очекува расправата да заврши до крајот на неделата, по што законот преминува на разгледување во надлежната комисија, каде што ќе следи амандманска расправа.

sobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео