Дебата за транспарентност на парламентите од Западен Балкан

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи панел дискусијата за отвореност и транспарентност на парламентите од Западен Балкан на која ќе бидат претставени насоките за секоја држава како прв чекор кон поголема кампања за застапување која ќе промовира отвореност и добро владеење.

Регионалната панел дискусија предвидено е да ја отворат претседателот на Собранието на Р.М. Талат Џафери, како и директорот на програмата за Западен Балкан на Вестминстер фондација за демократија, Емил Атанасовски.

Дискусијата претставува втор настан за застапување во рамки на проектот Аction SEE, како и прва официјална презентација на насоките кои ги подготви проектниот конзорциум. Насоките ќе бидат презентирани од секој од проектните партнери од шест држави од Западен Балкан.

Покрај претставниците од граѓанските организации од регионот кои се дел од проектот, на панел дискусијата ќе присустуваат и пратеници од парламентите од регионот и Македонија, граѓански организации кои работат на активности поврзани со Собранието, претставници на меѓународни организации и амбасади во Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование