Дебата за состојбите со истражувањата на јавното мислење

Од:

Разгледување на состојбите со истражувањата на јавното мислење и нивната применливост, како и подигање на свеста за потребата од таквите истражувања има за цел тркалезната маса „Во потрага по изгубеното јавно мислење: истражувачки проблеми и предизвици“ што ќе се одржи денеска во Скопје.

На тркалезната маса, организирана од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, ќе бидат презентирани и резултатите од истражување кое опфатило голем број државни и локални иституции.

На темата во рамки на тркалезната маса ќе има претставници на научната и истражувачката јавност во Република Македонија.

Воведни излагања, предвидено е да имаа Мирјана Борота-Поповска, Директор на ИСППИ, Горан Јанев, раководител на проектот, Мирјана Најчевска, која ќе даде осврт на истражувањата на јавно мислење спроведени од ИСППИ, а Елеонора Серафимовска ќе ги презентира истражувачките резултати.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски