Дебата за семејно насилство во Ѓорче Петров

Од:

Во соработка со Националниот совет за родова рамноправност во просториите на општина Ѓорче Петров се одржа работен состанок за семејно насилство. Присутни беа членови на администрацијата на локалната самоуправа, Советот, членови на Комисија за труд и социјална политика на општината, директори на училишта, претставници на невладини организации, како и надворешни соработници кои делуваат во оваа сфера.

Дебатата е по повод 16 дена активизам против семејното насилство, а како продолжение на претходна соработка потпишана со меморандум меѓу Националниот совет и Ѓорче Петров. Во полето на родова еднаквост во општината се работи со години наназад.

Савка Тодоровска од Националниот совет истакна дека треба да се отворат координативни тела и ингеренциите да се симнат на општинско ниво. Потребна е и СОС линија на ниво на општината за која надлежните од Ѓорче Петров размислуваат да ја воведат во иднина.

Овие активности се преземаат врз основа на истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашното насилство, која беше усвоена и на седница на Влада на РМ.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска