Дебата во Куманово – „Младите интегрирано дејстуваат локално“

Од:

Основци и средношколци од Куманово денеска дебатираа на тема „Младите интегрирано дејствуваат локално“ во рамките на проектот на УСАИД „Мултиетничка интеграција на младите во образованието “.

Пилот проектот кој стартуваше денеска со дебата во кумановското средно училиште „Перо Наков“ го реализира Македонскиот центар за граѓанско општество со проектниот парнер Младински образовен форум.

Целта е преку младинските дебати да се разговара на различни теми, да им се даде можност да младите, да се слушне нивниот глас и евентуално да се придонесе кон некакви промени во заедницата во општеството.

– Училиштата веќе долго време се активни во насока да им овозможат интеграција на младите, на учениците, која што можеби порано и не беше возможна. Тоа ги отвора можностите и за многу училишта, коин се еднојазични и немаат можност за соработка со другите училишта кои се со друг наставен јазик. Преку овој процес се овозможува таа интеракција на младите, да ги собереме и да дискутираат да разговараат на различни теми од нивен интерес, изјави координаторот на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Џевахире Пруси Зајази.

Во наредните години планирано е активно вклучување на младите во носењето одлуки значајни за заедницата во која живеат, соседството, општината. Проектот ќе им понуди на младите да се слушнат нивните потреби за интеграција, интеркултурализам, за општествени прашања важни за нив.

– Ние како организација веруваме дека токму ваквите дебати кои што им овозможуваат на младите средношколци и основци од Македонија да разменуваат ставови и различни мислења и да ги студираат своите идеи на еден организиран и аргументиран начин придонесува за зајакнување на демократските вредности и зајакнување на критичките размислувања, како и граѓанските принципи кои што ќе ги имаат овие млади луѓе во иднина, изјави Дејан Ризински, проект координатор од Младински образовен форум.

Дебатата како форма на размена на ставови сметаат од граѓанските организации ќе придонесе за зголемување на толеранцијата и ќе им овозможи на младите простор, кој ќе го искористат за да разменат идеи, да најдат решение за проблемите и да се изгради подобро општество за сите.

Домаќин на правата дебата меѓу основците и средношколците од различни етнички зеадници од сите училишта во градот беше средното стручно училиште „Перо Наков“, а пред присутните се обратија раководителот на Секторот за образование од општина Куманово, Жика Крстевски и директорката Мила Жибак, кои посочија дека постојано работат на унапредување на меѓуетничката интеграција во сите основни и средни училишта во Куманово.

Проектот „Младите интегрирано дејствуваат локално“ ќе се имплементира во вкупно девет општини.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони