Дебата во Европарламентот за С. Македонија и регионот

Од:

Во Европскиот Парламент започна дебатата по извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за Северна Македонија, по што ќе се гласа за секој од нив.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, за Северна Македонија една од главните точки е спорот со Бугарија, за кој се очекува да се изјаснат повеќе европратеници на денешната дебата.

Неколку пратенички групи поднесоа посебен Амандман за поддршка за конструктивниот однос на Северна Македонија и критики за провокативните изјави на Софија, но засега е нејасно дали тој ќе добие поддршка.

Известувачот за Северна Македонија и автор на извештајот, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, пред почетокот на дебатата порача дека е важно Северна Македонија и Бугарија да продолжат со конструктивен дијалог и да постигнат компромис за Акцискиот план, кој редовно ќе се проценува врз основа на Договорот за пријателство и на овој начин „ќе може да се рестартира европскиот процес за Северна Македонија“ и ќе и се овозможи на ЕУ да ја свика првата меѓувладина конференција.

– Дополнителни одложувања ќе ја загрозат објективноста на процесот на зачленување, треба да се фокусираме на големата слика, потребно ни е да градиме мостови за обединување наместо ѕидови што разделуваат, изјави Ќучук.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Еврокомисија: Намалување на потрошувачката на струја и дополнително оданочување на енергетскиот сектор

Ана Ололовска

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за С. Македонија во ЕП

Ана Ололовска

ЕП утре ќе расправа за годишниот извештај за С. Македонија, бугарските европратеници нема да ги поддржат амандманите за непримерно однесување на Софија

Ана Ололовска

Европскиот парламент го усвои седумгодишниот буџет

Ана Ололовска

Османи ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Ана Ололовска