(ДЕБАТА) Поразителна состојба во медиумите: Вистината е киднапирана, новинарите платени да молчат

Од:

Вистина заменета со пропаганда, професионализам поразен од владина послушност, новинари платени да молчат и медиуми кои ја понижуваат новинарската професија и го занемаруваат јавниот интерес. Ова се оценките за моменталната ситуација во новинарството за која долгогодишните новинари и уредници Бранко Геровски, Драган Антоновски и Зоран Бојаровски заедно со новинарката Мери Јордановска ги дискутираа на вчерашната дебата насловена „Кој го зароби новинарството во Македонија?“ во Кампот на слободата пред Влада.

Новинарката Мери Јордановска, дискусијата ја отвори со прашања кои ги упати до претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, по повод неговото гостување на една од макеоднскит телевизии каде што изјави дека новинарите сами се виновни за состојбата во медиумите.

-Претседателот Иванов успеа да не обвини сите за она што се случува во медиумите. Јас би сакала јавно да го прашам Иванов дали ние самите сме виновни за затворањето на А1 телевизијата, дали можеби новинаритесе виновни затоа што најпрво треба да одат на „баци рака“ кај министерката Јанкулоска за да се враотат во јавниот сервис, дали сме виновни затоа што поранешниот директор на УБК ги нарачува прилозите?, праша Јордановска.

debatanovinari (1)

Според новинарот Бранко Героски, вината за состојбата во коај се наоѓа новинарството делумно им се припишува и на новинарите.

-Делумно сме виновни и ние новинарите затоа што не го направивме она што требаше во вистинското време.  Проблемот не е во нашето јалово очекување кое нема да се оствари дека ние новинарите во медиумите контролирани во о власта утре сабајле ќе се разбудат и ќе бидат подобри, попрофесионални, ништо од тоа нема да се случи. Така работите не одат. Битно е во едно општество да имаме плурализам на медиуми.

Денеска имаме нешто сосема друго.Послаби сме, но можеме да бидеме посилни . За таква една поставеност се виновни и политичарите, особено тие од власта, од режимот, но виновни сме и ние новинарите кои дури и кога падна А1 во 2011 година, не сфативме баш што се случува, вели Героски.

Новинарот Драган Антоновски пак, сподели лично искуство за тоа како во еден медиум имал многу ппонуда  за да ги „протнува“ прилози, на начин на кој се споменува и во политичките бомби објавени од опозицијата, што тој го одбил. Според него, вината е што профеисоналните новинари ги препуштиле медиумите на луѓе кои се подготвени да ги злоупотребат и го прават тоа.

—Сите сме виновни по малку, и ние новинаритеи партиите и оние кои ја грабна слободата на професијата. Јас многу ќе сакав денеска да дебатирам во некое студио, а вие да бевте седнати дома  во некоја фотеља и да имавме сите услови и вие спокојно да гледате и јас спокојно да дебатирам, меѓутоа сите сме на улица. Што ни се случи? Оние кои што требаше д а бидеме внатре, останавме на улица и почнаа да не нарекуваат уличари, а оние кои што беа уличари влегоа во студијата и сега ни продаваат новинарство. Работите комплетно е извртени. Тие кои работиме по стандарди сме малку, останатите се многу. Така да мислам дека голема вина имаме во тоа што им ги оставивме медиумите да ги злоупотребат. Денеска е киднапирана е вистината, ние во медиумите имаме само лага и после сето ова што ни се случува мислам дека многу тешко ќе се вратиме на нормалното иако едноставно е, зборувајте ја вистината и информирајте ги граѓаните, не пропаганда. А ние сега имаме само пропаганда.

debatanovinari (2)

Јас бев во ситуација да останам, бев во ситуација да ме плаќаат многу повеќе од другите за да  ги протнувам прилозите, меѓутоа не се согласив. Тоа е лично во себе, колку ти сметаш дека и припаѓаш на професијата, колку знаеш што значи професијата.

Новинарите го истакнаа и проблемот со рекламирање како алатка која овозможува одржливост на критичките медиуми, но и поврзаноста на бизнисмените со власта кои не се заинтересираи за финансиска поддршка на  критичарите на власта.

Оној медиум кој пак се финансира и од граѓаните за да тие објективно се информираа, односно јавниот сервис МРТВ, во целост не ја исполнува својата должост и во тој медиум потребна е промена од корен, смета новинарот Зоран Бојаровски.

-Новинарите, како и секој човек има нешто што треба да го чуваат, тоа е професионалниот и личниот интегритет. Во јавниот сервис  раководството треба коренито да се смени. Не се работи само за раководството, таму е направена една целосна промена на луѓето. Таму не можете да најдете луѓе од  „некогаш“, тоа   намерно направено за да нема луѓе со интегритет, бидејќи тие ќе им го расипат расположението на луѓето без интегритет. Таму слободата е како вирус, а кој сака вирус на слободата во МТВ? Е сега тој организам ние треба да го исчистиме, треба да го извлечеме канцерот кој е таму. Како ќе се направи тоа може да дебатираме, може  со мило, да почне темелно чистење и менување на луѓето што таму работат, за да може да дојдат луѓе кои се од слободата и кој ќе почнат да го применуваат јавниот интерес во телевизијата, посочи Бојаровски.

Новинарите истакнаа дека потребни се коренити промени и во подготвителниот, односно транзиционен период пред изборите, посебно во медиумите, бидејќи воМакедонија според нив постојат луѓе кои се уште не се доволно добро информирани за политичките бомби на опозицијата, но и генерално немаат објективна слика за политичките случувања, токму поради односот на провладините медиуми кон јавоста и нивното искривување на реалноста.

Вчерашната дебата беше 37. по ред одржана во Кампот на Слободата пред Владата, каде граѓани од цела Македонија повеќе од еден месец спијат на отворенонебо, барајќи оставка од премиерот и одговорност од целата власт по серијата коруптивни скандали објавени низ пполитичките бомби на опозицијата. Секоја вечер во антивладинито камп се дискутира на одредена тема, при што луѓе од областа кој е предмет на дискусија, заедно со граѓаните ги лоцираат проблемите во одреден сектор, но и ндат предлози и решениј за подобрување на состојбите во иднина.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска