Генерално медиумите во првите 10 дена од изборната кампања известувале неутрално и трансмисионо, отсуствува ангажирано новинарско известување, изјави Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми на денешната дебата на тема „Инструментализација на медиумите во Македонија во текот на изборната кампања“ во организација на Здружението на новинари на Македонија.
Според неа, забележано е присуство и на исти експерти на исти или слични ТВ кои, вели, понекогаш имаат проблематичен бекграунд во однос на професионалното знаење кое го демонстрираат и се блиски на партиите кои што ги застапуваат, но ова е вели проблем кој се провлекува подолго време во медиумите и ја убива дебатата.
Ваквата нејзина оценка за известувањето во првата половина од кампањата таа очекува да ја потвдат и анализите на независни агенции. Посочува дека тоа покажува оти медиумите главно ги почитуваат одредбите за известување во Изборниот закон поради високите казни кои се предвидени. За неа клучно е што ќе се слулчува по изборите кога казните од Изборниот законик повеќе нема да важат.
Според Насер Селамни од ЗНМ, инструментализацијата на медиумите е константна, но најмногу доаѓа до израз за време на изборната кампања, а медиумите наместо да ја извршуваат својата функција да информираат и да ја контролираат власта, тие служат за пропаганда. Медиумите, рече Селмани, не можат да излезат од длабоката криза ако по 11 декември не постои силна посветеност Македонија да се равива како демократска држава.
Марина Тунева од Советот за етика во медиумите истакна дека прифаќањето на манипулацијата од страна на политичарите и другите актери во изборниот процес ќе значи дирекна штета врз граѓаните и јавноста во РМ.
– Повеќепати сме повикувале дека медиумите не смеат да бидат арена за натпревар во која најмоќните ќе се изборат да доминраат со одредени пораки, а новинарите ги повикуваме да бидат бидат искрени кон публиката и фактите за да не влезат во стапицата на застапувачкото новинарство. Очекуваме од медиумите да не се претворат во разгласни станици на политичките партии, а со јавноста е потребно да коминицираат редовно и да информираат квалитетно за сите политички процеси и актери во изборниот процес, рече Тунева и го повтори апелот за поддршка на процесот на саморегулација од страна на медиумите.