Дебата: Безбедност за новинарите и поддршка на професионалното новинарство

Од:

Осуди за минатонеделните напади врз новинарите и медиумските работници во Собранието и пораки за спроведување реформи и мерки за поддршка на професионално новинарство, зголемување на медиумската писменост, а медиумите професионално и етички да ја извршуваат професијата, упатија денеска учесниците на панел дебатата по повод Светскиот ден на слобода на печатот во организација на Делегацијата на ЕУ.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар потенцираше дека одбележувањето на Светскиот ден за слобода на медиумите за жал се случува по неприфатливиот насилен инцидент во Собранието минатата недела каде беа нападнати не само пратениците, туку и новинарите и медиумските тимови и беа спречени да ја вршат својата работа. – Очекуваме организаторите и тие што го изведоа насилството да бидат изведени пред правдата, рече Жбогар, пососчувајќи дека слободата на изразувањето е основно човеково право кое што е неодвоиво од демократијата и владеењето на правото.

Во земјава, потенцира, се потребни реформи во полето на медиумите и слободата на изразувањето и мерки кои ќе поддржат професионално новинарство, заштита на безбедноста на новинарите, ќе се осврнат на самоцензурата и на говорот на омраза која поттикнува нетолеранција и ќе се осврнат на финансирањето на медиумите и ефективниот надзор.

– Новинарите се на првите редови од општествените промени, а новинарството е професија која има одговорна задача да информира на објективен начин да ја одрази разноликоста на мислењата и да ги повика на одговорност тие што се на власт, посочи евроамбасадорот Жбогар.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија Нина Соумалаин ја повтори загриженоста за нападот на новинарите и барањето за санкционирање на извршителите на инцидентите, порачувајќи дека секој медиум треба да биде слободен да ја работи својата работа без заплашување. – Безбедноста на новинарите е основа и предуслов за отворени медиуми, посочи Соумалаин.

На алтернативните факти и лажни вести, според неа, треба да се одговори со поддршка на квалитетното новинарство за граѓаните да имаат објективни и точни информации како и пристап до различни гледишта.

– Треба да се поддржи и развие медиумската писменост за граѓаните да разберат како медиумите ја оформуваат информацијата и да може да препознаат погрешна информација, наведе шефот на мисијата на ОБСЕ.

Според директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги Зоран Трајчевски, во Македонија има солидна основа за медиумската писменост којка треба да се надградува, а сите субјекти кои имаат допирна точка со тоа имаат одговорност да обезбедат активности и проекти во таа насока.

– Медиумите треба да бидат свесни дека како што покажуваат податоците од истражувањата јавноста знае што прават, дека публиката знае кога некој се обидува да ја манипулира, а кога ја информира. Ако 75 проценти од граѓаните го формираат своето мислење консултирајќи извештаи од повеќе од еден медиум тогаш новинарите треба да бидат свесни дека имаат одговорносот да ја почитуваат својата професија и да ја работат според етичките правила и стандарди кои постојано треба да ги препрочитуваат за да наоѓаат професионални решенија за дилемите со кои се среќаваат при известувањето, рече Трајчевски.

Раководителот на секторот за електронски комуникации во Министерството за информатичко општество и администрација Димитар Буковалов оцени дека како никогаш досега потребна е подршка на професионалното новинарството и поголема заштита на правата на новинарите.

– Новинарите не само што се најголемите „корисници“ на фундаментално право на слобода на изразување, туку претставуваат и симбол на степенот на развој на ова фундаментално право. Од овие причини потребни се реформи во насока на обезбедување високо квалитетно и независно новинарство, договори за работа со доволна социјална заштита, заштита од физички закани и напади за новинарите, континуирани обуки и едукација како и континуирана соработка со домашни и меѓународни тела и здруженија. Секако овие реформи мора да бидат донесени преку широка јавна расправа и согласно меѓународните стандарди и препораки, рече Буковалов.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on