А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Дебарското Езеро“ преполно, водата се прелева

by А1он18/04/2018 - 17:32218
Share0

Поради зголемениот дотек на вода од реките Радика, Гарска Река и Црн Дрим, но и од другите локални притоки, акумулацијата „Дебарско Езеро“ е преполна и веќе се прелева преку преливната шахта. Тоа значи дека е надмината максималната кота од 580 метри.

Добивај вести на вибер

Преку преливната шахта се прелеваат најмалку по седум метри кубни во секунда.

– Високите температури кои условуваат топење на снегот во планинските предели, прдонесоа зголемен дотек, кој во просек изнесува над 180 метри кубни вода во секунда, со тенденција на зголемување. Како резултат на многу поволната хидрологија ХЕ„Шпилје“ работи под полн капацитет и до сега, потврдуваат од ЕЛЕМ.

Според нивите проценки, во акумулацијата има резерва на вода за производство над 44 милиони киловат часови електрична енергија, а ХЕЦ „Шпилје“, која работи според потребите на системот дневно произведува по 1,95 милиони киловат часови.

Навреме извршените планирани ремонти и ревизии на електромашинската опрема се гаранција истата да може да прими и преработи 105 метри кубни вода во секунда или околу два милони киловат часови.

Инаку, трите турбини на ХЕ „Шпиље“ од почетокот на годнава произвеле над 147 милиони киловат часови електрична енергија ,што претставува 61,5 отсто од усвоениот електроенергетски бланс за годнава.

И покрај преполната акумулација и надојдените реки, како што потврдуваат од дебарската Дирекција за заштита и спасување, во дебарскиот регион опасност од поплави нема, поради конфигурацијата на теренот.

debarsko ezero

Би можело да ве интересира

Рибар од Скопје се удави во Дебарско Езеро

А1он08/09/2025 - 20:39

Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро

Катерина Ѓуровски23/03/2021 - 13:27

(ВИДЕО) Трипуновски: Дебарското езеро е доведено на раб на пресушување заради неспособноста на Заев

Катерина Ѓуровски11/11/2020 - 11:3211/11/2020 - 13:09

На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на клен и скобал, а следува и на крап и мрена

А1он04/05/2020 - 19:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен