Дебарската подружница на „Македонски шуми“ ќе пошуми 20 хектари

Од:

Врз основа на зацртаните програмски активности, на подрачјата каде се врши сеча на огревно дрво, дебарската подружница „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“ годинава ќе пошуми 20 хектари во општините Дебар и Центар Жупа.

– Перманентна наша грижа е обновувањето на шумскиот фонд. И годинава планираме да пошумите 20 хектари површина со четинари, главно црн и бел бор и ела или во бројки околу 40 илјади садици, рече Рами Љата, раководител на Подружницата.

Тој додава дека и годинава ќе се вклучат во традиционалната акција „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“, во која во просек се засадуаат по 20 илјади садници на ерозивни и опожарени терени.

– Минатата година, во рамки на редовните активности за пошумување и споменатата акција, на подрачјето на двете општини засадени се 43 илјади садници на црн и бел бор, ела, како и чемпрес, истакна Љата.

Задоволен е што во акциите освен вработените во Подружницата се вклучуваат и граѓани и ученици.

Секако, посочува тој, и податокот дека поради честите контроли и превентивните мерки, речиси на минимум се сведени случаите на кражби на огревно дрво и опожарување на шумите.

Би можело да ве интересира

Воведена делумна забрана за движење во шума од 06:00 до 20:00 часот

Од денеска забрането за движења низ шумите, на Водно нема забрана

Постигнат договор за забрана за увоз на производи кои придонесуваат за уништување на шумите

А1он

Киев: Русија врши „екоцид“ во Украина

Ќе се бараат средства за пошумување на опожарените површини и набавка на возила за справување со пожари

А1он

Приведени четири лица во Крушево за непочитување на забраната за движење во шуми