Дебар Маало Тајмс – Прв градски весник од утре низ дебармаалските локали

Од:

Од утре излегува првиот број на новиот месечен весник – Дебар Маало Тајмс. Весникот е првиот урбан медиум во Македонија, кој ќе биде водич низ сентиментот и носталгијата на срцето и душата на градот – Дебар Маало. Тој истовремено и ќе информира за новостите и настаните кои во ова маало се случуваат денес и ќе преставува градско четиво за сите дебармаалски, и не само дебармаалски генерации.

Овој месечник ќе воведе во градскиот имиџ, дебармаалксите вкусови и мириси, боемијата, културата и подзаборавените вистински вредности на животот, преку легендарните ликови на Скопје. Дебар Маало Тајмс е единствениот весник кој е ослободен од фрустрацијата наречена политика и „големите теми“ на секојдневието; тој има за цел да биде весел, да релаксира и на духовит и оригинален начин на голема врата да го донесе она што недостасува, а тоа е доброто расположение. Неговата идеја е да го отслика оној вистински дебармаалски шарм и дух, да ги раскаже автентичните приказни на ова маало и да ја пренесе традицијата и историјата која овде со децении се пишува.

Основачи на Дебар Маало Тајмс се ортодоксните дебармаалци Зоран Блажевски (или Зоки Малиот – Џубокс) и Милан Банов – Карамба, кој истовремено е и главен уредник на весникот.

Весникот е бесплатен, а ќе го пронајдете на масите во сите дебармаалски кафеани, меани, гостилници, ресторани, хотели, таверни, пицерии, кафулиња, клубови и практично насекаде каде вее духот на Дебар Маало.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан