Дебар ги празнува божикните празници

Од:

Иако се помалубројни, православните жители на Дебар, кои сега се само стотина, продолжуваат со традициите наследени од дедовци и прадедовци. Синоќа, во паркот во населбата „Венец еден“, тие се собраа и запалија бадников оган, а по традиција не изостанаа и познатите дебарски зурли и тапани.

Годинашниве бадникови кумови Сузана и Слободан Јосифовски, оваа улога за следната година им ја предадоа на Илина и Владе Трајановски.

Иако традицијата се одржува, за жал, сепак ја нема некогашната масовност бидејќи од година во година се помал е бројот на Македонците во Дебар.

За разлика од другите градови во земјава, бадниковото дрво и гранчиња дебрани ќе ги сечат денеска попладне, токму на Бадник.

– Како и до сега симболичното сечење со секира ќе биде во близина на селото Рајчица, вели намесникот на Дебарсата парохија, Благоја Спировски, според кого покрај членовите на Црковниот одбор се очекува да присуствуваат и поголем број верници, пред се млади.

Свечени богослужби освен во црквата „Успение на пресвета Богородица“ во Дебар ќе се служат и во манастирите „Свети Јован Крстител“ (Бигорски манастир) и „Свети Георги Победоносец“.

Би можело да ве интересира

Богојавление неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

Ана Ололовска

Семејството Бајден им го честиташе Божик на православните верници во САД и светот

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик

Православните христијани го слават Бадник

Катерина Павлова-Николовска

Божик е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска

Leave a Comment

16 − eleven =