Давидовиќ: За 27 април нема ниту еден обвинет од СВР Скопје, туку само оние за кои нема докази

Од:

Факт е дека МВР потфрлило на 27 април, факт е дека тогашната партија на власт го координирала настанот преку УБК и дека при такви влијанија обвинетите не можеле да презема акција, истакна денеска адвокатот на обвинетиот Душко Лазаров, Звонко Давидовиќ во завршните зборови за настаните од насилството Собранието на РМ.

„Неспорно е дека влегла толпа во Собранието, дека вратите ги отвориле сега амнестираните пратеници, неспорно е дека влегле лица со фантомки кои биле координирани од УБК, дека се случило насилство и влез на полицијата која ги евакуирале пратениците. Но, побитно е што нема обвинет ниту еден од СВР Скопје“, рече Давидовиќ.

Тој смета дека обвинителството не докажа дека Лазаров не превземал нешто за што немал наредба.

Според Давидовиќ, спорно е нереагирањето на сребрениот и бронзениот командир кои не презеле никакви активности, а имале голем број полицајци на располагање.

Би можело да ве интересира

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Сандра Бошковска

Обвинетиот Трајковски за 27 април: Барам да ми судите за тоа што сум го сторил, но не за тероризам

Завршни зборови за 27 април

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Сандра Бошковска

Дурловски: Доколку сум знаел за вакво сценарио за 27 април, осудете ме

Сандра Бошковска

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Сандра Бошковска