Давеникот пронајден кај Поликастро во Грција се претпоставува дека е исчезнатиот гевгеличанец

Од:

Основното јавно обвинителство во Гевгелија денеска информира дека пред три недели од страна на Интерпол било добиено известување дека во водите на реката Вардар кај градот Поликастро во Грција било пронајдено тело на давеник за кое се претпоставило дека е можно да му припаѓа на гевгеличанецот Илија Минов (59), кој пред два месеци од своите блиски беше пријавен за исчезнат.

Веднаш по дојавата, неговата сопруга заминала за Солун каде по извршениот увид препознала делови од облеката и обувките кои му припаѓале на нејзиниот сопруг, исчезнатиот инспектор од гевгелиски УЈП Илија Минов по кого претходно нашите надлежни служби со сите раположиви средства трагаа повеќе од еден месец без резултат.

Од Основното јавно обвинителство во Гевгелија информираа дека според меѓународните протоколи било потребно преку нашето Министерство за правда да се направи споредбена ДНК анализа која со сигурност може да потврди дека се работи за телото на исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва