Даути: На настраданите во поплавите им е неоходна и парична помош

Од:

Граѓаните кои сакаат да му помогнат на настраданото население во поплавите во Македонија, можат да донираат парични средства преку телефонските броеви на Црвениот крст на Македонија, апелира Адуриме Даути, секретар на општинската организација на Црвениот крст во Струга.

Таа појаснува дека е собрано огромно количество средства за хигиена и пакети со вода за пиење, а населението од поплавените региони има потреба и од друга помош.

– Бидејќи е собрано големо количество вода за пиење и средства за хигиена што ги покрива потребите на населението што е поплавено, апелирам до сите заинтересирани правни субјекти и граѓани дополнително да се вклучат и со обезбедување парична помош преку донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400, вели секретарот на струшкиот Црвен крст Адуриме Даути.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар