Даскаловски: Во Струмица ќе се отворат тринаесет нови фабрики и производствени погони

Од:

Интервју со претседателот на Општинската организација на СДСМ Струмица, Марјан Даскаловски за sdsm.org.mk


Кои се вашите приоритети во раководењето со Општинската организација?

Даскаловски: Изборот за претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица е голема чест за мене, но и обврска во целост да се посветам на следниве приоритети:

• Секако мој прв и најголем приоритет во раководењето на Општинската организација е времето кое претстои ефективно да се искористи за враќањето на довербата, самодовербата и оптимизмот во СДСМ, охрабрување на разочараните членови и симпатизери бидејќи победата на следните претседателски и парламентарни избори е наш императив;

• Интензивна внатрешна комуникација меѓу партиското раководство и партиските членови и симпатизери;

• Создавање амбиент за регрутирање авторитетни личности и надарени граѓани и симпатизери во редовите на СДСМ како долгорочна амбиција;

• Сестран ангажман на органите, телата и комисиите, интелектуалниот потенцијал и активистите во работа и активностите на партијата;

• Започнување постапка за ажурирање на списоците на членовите и симпатизерите на СДСМ на ниво на месни одбори и воспоставување на база на податоци за членството и симпатизерите;

• Темелна и прецизна анализа на можностите и областите на делување на членовите и симпатизерите на партијата;

• Организирање на средби и состаноци со разни здруженија и групации кои се идентификувани како поддржувачи на социјалдемократската идеја;

• Воспоставување контакти со студените , организирање посебни средби, трибини и нивно интегрирање во Општинската организација на СДСМ Струмица.

• План на активности насочени кон членови од ромската и турската етничка припадност, членови на постоечки верски организации, со цел за осознавање на нивните проблеми и нивна поддршка;

• Обезбедување на поголема медиумска поддршка на локално ниво.

Кои ќе бидат Вашите први активности по изборот за претседател на Општинската организација?

Даскаловски: Меѓу првите активности како новоизбран претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица ќе се посветам на следните активности:

• Формирање на органи, тела и комисии на Општинската организација на СДСМ Струмица;

• Претставување на новото раководство – органите, телата и комисиите на партијата и афирмирање на нивната ангажираност, компетентност, капацитет и перформансите;

• Посета по населени места и месните одбори во градот, контакти и разговори со членови, симпатизери и граѓани, барање идеи и мислења од нив за работата на партијата;

• Организирање средби и состаноци со разни здруженија и групации кои се идентификувани како поддржувачи на социјалдемократската идеја;

• Организирање средби и состаноци на координаторката на жени на Општинската организација на СДСМ Струмица со женската популација, со посебен акцент на жените од етничките заедници кои ги има на подрачјето на Струмица;

• Изнаоѓање начини и решенија за привлекување, вклучување и интегрирање на нови млади членови во редовите на СДСМ;

• Формирање на едукативен центар за обука на млади социјалдемократи со цел од нашата општинска организација да произлезат што повеќе млади политички добро потковани кадри.


Кој проблем според Вас е најгорлив проблем во вашата општина и како би го решиле?

Даскаловски: Најгорлив проблем во мојата општина, а секако и во нашата држава е се’ поголемата сиромаштија. Владата на Република Македонија во Општина Струмица не презема ама баш ништо во насока на намалување на сиромаштијата. Јас не паметам пред десетина години да имало случаи кога некое семејство немало пари да си ја плати струјата, а денес имаме голем број на семејства на кои им е исклучена струјата.

Потребно е да се отворат нови работни места бидејќи невработеноста на граѓаните е најголем фактор за сиромаштијата. Општина Струмица на чело со нашиот градоначалник Зоран Заев е на добар пат да ја зголемат вработеноста со отворање на тринаесет нови фабрики и производствени погони а со тоа и отворање на повеќе од илјада работни места.

Вториот најгорлив проблем во мојата општина е пласманот на земјоделските производи бидејќи сме најземјоделскиот крај во Македонија. Струмичките земјоделци се меѓу највредните луѓе во Македонија, вложуваат многу труд и произведуваат многу квалитетни производи, ама на крај трудот не им се наградува, бидејќи или не можат да го продадат тоа што ќе го произведат или пак им се плаќа по многу ниска цена.

За да се реши овој проблем потребно е да се работи на изнаоѓање на што повеќе нови пазари надвор од нашата земја, а не да се залажуваат земјоделците со некакви минимални субвенции. Јас би предложил поинтензивна соработка со Руската амбасада бидејќи сметам дека рускиот пазар е голем и на него можат да се пласираат огромни количини на земјоделски производи.

Би можело да ве интересира

Филипче: Потребна е промена на организациската поставеност за поголемо вклучување на членовите

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ го излажа народот, Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат ама молчеа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Конгресот на СДСМ ќе продолжи откако општинските организации ќе се произнесат за Извештајот за претседателските и парламентарните избори

СДСМ го одржува 29. Конгрес – Ковачевски вели: Очекувам партијата да излезе посилна и пообединета

Горан Наумовски

СДСМ на отчетен Конгрес ќе ги анализира изборните резултати

(ВИДЕО) Филипче: Недостасува јавна и експертска дебата, има нејасни сегменти за поделба на министерствата