Даштевски: Двесте терминали за читање отпечатоци од прсти утре ќе бидат испратени од „Дермалог“

Од:

Двесте терминали за читање на отпечатоци од прсти утре ќе бидат испратени од компанијата „Дермалог“ од Германија во Скопје, а откако ќе поминат сите царински формалности, најверојатно, во понеделник апаратите ќе бидат во канцелариите на Државната изборна комисија (ДИК), каде треба да биде извршено нивно примопредавање, изјави претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Откако терминалите ќе пристигнат во земјата, инжинери пратени од „Дермалог“ ќе извршат обука за ракување со нив, а потоа таа обука ќе биде вметната и во планот за едукација на ДИК.

Даштевски е дециден дека се ќе биде подготвено за локалните избори закажани за 17 октомври бидејќи има два месеци до изборите.

На локалните избори во земјата првпат гласачите ќе се идентификуваат со вчитување на отпечаток од прст. За набавка на терминалите, како и целокупниот систем и нивното одржување за следните четири циклуси е потпишан договор со германската компанија Дермалог.

До први октомври во земјата сукцесивно треба да пристигнат нарачаните 4000 терминали за изборите.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште