Даштевски: Бараме законски решенија граѓаните без лични карти да можат да гласаат

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) ќе направи се за да се изнајдат законски решенија за граѓаните со неважечки лични карти кои не се во можност да добијат нови поради блокираниот закон да можат да гласаат. Претседателот на ДИК Александар Даштевски по денешната седница на Комисијата посочи дека доколку граѓаните имаат важечки пасош ќе можат да гласаат, но исто така дека сепак се преземаат дополнителни активности за изнаоѓање други законски решенија.

-Ние ќе направиме се за да изнајдеме законско решение, бидејќи знаете дека се употребуваат и личната карта и пасошот, така што граѓаните имаат или едно или друго. Ќе гледаме во таа бројка да потпаднат сите граѓани, бидејќи кој нема лична карта има пасош и обратно. Ќе преземе и дополнителни активности за да го искординираме тоа и ќе бараме и други законски решенија, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК Даштевски кажа дека пет проценти од апратите за вчитување на отпечатои од прсти ќе пристигнат на 25 август, а останатите сукцесивно до 1 октомври, до кога исто така треба да биде испорачана целокупната опрема.

Компанијата „Дермалог“, според договорот, треба да достави и испечатено упатство за користење на апаратите, кое ќе биде дел од едукацијата на претседателите и заменик-претседателите на избирачките одбори. Апаратите и другата опрема што ќе се користи на изборите нема да бидат поврзани со интернет, односно тие ќе е наполнат со податоци, а по изборите ќе бидат испразнети.

На денешната седница на ДИК беше донесено Упатство за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи за локалните избори, Анализа на ризик на ДИК, Упатство за нарушување на безбедноста на личните податоци во ДИК, Програма за едукација за изборите, како и Програма за едукација и информирање на гласачи.

Би можело да ве интересира

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

ДИК: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

А1он

Лога: ДИК да ја разјасни дилемата околу бројот на кандидати на советничките листи

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино