Дарко Димовски нападнат во зградата на ССМ

Од:

В.Д. претседателот на ССМ бил физички нападнат и по физичкиот напад и прегледите во Градска болница е задржан на трауматологија, објави Дојче Веле.

„Група рекетари предводена од разрешениот претседател на ССМ, Живко Митревски, утрово околу 4 и 30 часот насилно влезе во зградата на ССМ, притоа буткајќи ја и полицијата“, велат претставници на четирите синдикати кои ноќеска останаа во студениот хол на синдикалната зграда, со цел да спречат разрешениот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Живко Митревски, да ги исели од таму.

„В.Д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски беше физички нападнат и по физичкиот напад и прегледите во Градска болница е задржан на трауматологија“, велат тие.

Ваквиот развој на настаните уследи откако вчера Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопшти дека го поништило решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од функцијата, со што тој останува легитимен претседател на ССМ.

Според очевидци, пред ССМ во моментов има обезбедување кое не пушта да се влезе во зградата.

Од четирите синдикати најавуваат дека за скандалозниот настан наскоро ќе се огласат со соопштение.

Би можело да ве интересира

Синдикалната минимална кошница за септември е 69.432 денари

А1он

Нов раст на минималната потрошувачка кошница

Синдикатот алармира до работодавачите: Заштитете ги работниците од топлотниот бран

Катерина Ѓуровски

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“