Дарителскиот регистар за коскена срцевина на фондацијата „Спироски“ од денеска активен за пријавување

Од:

Научната фондација „Спироски“ оваа година почна да гради дарителски регистар за срцевина во склоп на нивната фондација, со цел нашата држава да добие напреден, функционален регистар, кој ќе помага да спасува животи кај луѓето со малигни заболувања.

Овој регистар е исто така поддржан од „Цивика Мобилитас“, а од денеска станува активен за пријавување како донори.

Од фондацијата соопштија дека идејата зад овој регистар е преку најсовремени технологии да пружиме помош на луѓето со малигни заболувања.

-По примерот на Ентони Нолан во Велика Британија добивме идеја како фондација дека граѓанскиот сектор заедно со приватниот сектор, институциите, и граѓаните е способен да придонесува многу повеќе особено во доменот на здравство. Нашиот план е да ги охабриме луѓето во нашата држава да се регистрираат како потенцијални донори, имено доколку не можат да бидат донори, финансиски да ја поддржат оваа иницијатива која на заболените ќе им пружи најсовремена, квалитетна нега и лекување кои ќе го спасат нивниот живот. Денес ги добивме првите потенцијални донори во нашиот регистар, кои во иднина ќе можат да спасат нечиј живот, изјавија од фондацијата.

Дарителскиот регистар ќе биде управуван од фондацијата, а секој граѓанин може да стане потенцијален дарител на коскена срцевина, но и финансиски да придонесе за одржувањето на регистарот. Како граѓанска иницијатива овој регистар ќе им даде повеќе можности за лекување на граѓаните со малигни заболувања, и заедно со приватниот и јавниот сектор, а и со граѓаните ќе придонесе квалитетна дијагностика, лекување и нега на пациентите.

-Ние напорно работиме на остварување на регистар од ваков калибер и среќни сме што денес нашиот регистар се здоби со првите потенцијални дарители. Граѓаните кои не можат да бидат дарители, но сакаат да придонесат за лекување на лицата со малигни заболувања може да ни се вклучат преку донирање на средства за да може овој регисар да се развива и да помага на граѓаните во иднина, додаваат од фондација „Спироски“.

Граѓаните може да донираат по 100 денари преку броевите на Телеком 143-404, и А1 143-550.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Двегодишно девојче од Скопје во последен момент испратено на операција на коскена срцевина во Турција

Маја Илиевска-Пачемска

Од 2000 година досега реализирани преку 500 трансплантации на коскена срцевина