Данкан: 67 од 120 е јасно мнозинство

Од:

Министерот за Европа на Велика Британија, Алан Данкан, кој од 22 до 24 февруари беше во посета на Македонија и ја потврди поддршката за членството на Македонија во ЕУ и НАТО го повика Иванов да ја преиспита одлуката за недоделување на мандатот на Зоран Заев.

„67 новоизбрани пратеници кои ги претставуаат различните заедници во Македонија побараа да формираат влада. 67 од 120 е јасно мнозинство. Претседателот Иванов треба да ја преиспита неговата одлука“ стои во соопштението на Данкан објавено на веб сајтот на Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

Данкан, како што стои во дописот од Британската амбасада во Македонија, за време на посетата ги охрабри политичките лидери да се фокусираат на формирање влада и на разрешување на кризата. Тој ја нагласи и потребата да се направи прогрес во реформскиот процес кој, според него, е многу потребен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран испали балистички ракети кон базата Диего Гарсија во Индискиот океан

Катерина Ѓуровски

Трамп: Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе победивме

Стармер: Владата е фокусирана на заштита на британскиот народ

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Бура во Обединетото Кралство, стотици училишта затворени, главните патишта блокирани

Крадец украде Снешко од пред паб во Велика Британија