Даниел Лорер: Бугарски национален интерес е Македонија да влезе во ЕУ

Од:

Бугарски национален интерес е Република Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија, пат на кој следен чекор е почеток на преговори со Скопје. Отворањето на преговорите со Република Северна Македонија треба да биде важна цел за бугарската дипломатија, изјави бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер за БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Лорер нагласил дека бугарски национален интерес е и Бугарија да се претвори во исклучително богата и социјално праведна држава, која е опколена со исти такви соседи.

Бугарскиот министер за иновации посочи дека за соседите на Бугарија патот кон богатството и социјалната правда минува низ членството во ЕУ.

– Со еден продолжен и позитивен дијалог со македонската страна ќе бидат постигнати условите, не само историски, туку и економски, академски, како и културни за врските меѓу двете држави. Тоа треба да се случи за да се почуствува секоја од двете страни далеку посигурна во тој дијалог, нагласи Лорер.

Тој, за изјавата на Слави Трифонов, Бугарија да и дозволи влез на Северна Македонија во Европска Унија, ако Соединетите Американски Држави ги укинат визите за бугарските граѓани и земјата веднаш да стане членка на Шенген зоната, рече дека мислењето на Трифонов е интересно, бидејќи на тој начин тој поврзува еден билатерален спор со Европската Унија и САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Агендата на Софија е создавање нова македонска нација, Европа има шанса да ја исправи историска неправда

Катерина Ѓуровски

Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче