Данева: СДСМ не се откажува од реформите во администрацијата

Од:

СДСМ до Владата и до Комитетот за реформи во јавната администрација при Владата на Република Македонија, поднесе иницијатива со предлог мерки за целосна реформа на јавната администрација.

„ Соочени со фактот дека администрацијата во Македонија е пренатрупана, партизирана и неефикасна, сметаме дека е неопходно да се преземат мерки за крупни реформи.Јавната администрација е сервис за граѓаните и огледало за функционална држава. Ваквата поставеност на државните служби го отежнува животот на граѓаните и затоа расте нивното незадоволство“, изјави потпретседателот на СДСМ, Ана П.Данева.

Мерките кои ги предлага СДСМ, се однесуваат на три елементи во реформите – подобрување на капацитетот на администрацијата, подобрување на условите за работа и мерки за заштита од партизација.

СДСМ предлага конкретни проекти со кои ќе се прават обуки на административците, ќе се тестира нивното знаење, ќе имаат флексибилно работно време, ќе им се израмнат платите, ќе се вработуваат и ќе напредуваат според заслуги, без уцени и партиска книшка.

„Ако Владата застане против мерките, таа не застанува против опозицијата, таа им застанува на патот на граѓаните при остварување на правото за брза и квалитетна услуга. Ние како партија нема да се откажеме од мерките за реформи и ќе продолжиме со иницијативи до институциите. Но Владата е таа која треба да застане зад проектите и заедно на граѓаните да им го олесниме пристапот до административните услуги”, рече Данева.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?