Данева: Mакедонија како Белорусија

Од:

„Не остана ниту една меродавна светска институција која ја оценува состојбата во медиумската сфера како позитивна. По загрижувачките оценки на „Фридом хаус“, Европската комисија и Стејт департментот, кои Македонија ја сместија меѓу африканските земји според слободата на медиумите, последниот во редицата негативни извештаи дојде вчера од „Репортери без граници“, од каде изразуваат длабока загриженост за процесите во медиумската сфера“, реагира СДСМ.

Назадувањето на слободата на говорот во Македонија веќе е драматично, вели Ана Павловска Данева, а таа сè повеќе се претвора во недемократска земја од типот на Белорусија, во која власта не бира средства да ги замолчи медиумите кои критички ја опсервираат нејзината работа.

„За да се промени оваа грда слика за нашата земја и да се запрат недемократските процеси, уште еднаш предлагаме: Мораториум на владиното трошење на буџетски средства за рекламирање, се до усвојувањето на стратегијата, која прецизно ќе ги дефинира критериумите за правична и транспарентна распределба на средствата во медиумите, без можност тие да се злоупотребуваат за влијание во уредувачката политика.

– Воспоставување на независен Јавен радиодифузен сервис, со прецизни механизми за заштита од партиски влијанија.Итно откажување на контроверзниот закон за медиуми, кој Владата го подготвува во тајност. Враќање на независноста на Советот за радиодифузија и оневозможување на негова партизација, вели Павловска Данева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство