Данева: Двоглавата власт не обезбедува владеење на правото

Од:

СДСМ реагира на, како што велат, однесувањето на министерот за образование Панче Кралев, и на сите останати владини институции и министри, кои се однесуваат како да не живеат во Македонија и како да не гледаат дека незаконски се менуваат имиња на училишта, се тргаат бисти и се промовира беззаконие.

Пред само две недели, рекоа, Кралев и првиот човек на просветниот инспекторат Шехтански изјавуваа дека нема да дозволат промена на имињата на училиштата и дека ако е неопходно, ќе интервенира и полицијата за да се спроведе законот.

„Од ова јуначење и удирање во гради, денеска останаа само бледите најави на министерот за прекршочни пријави и парични казни.

Во меѓувреме, не само што не се вратија таблите со имињата, туку и беа отстранети и бистите на македонските дејци Јане Сандански и Рајко Жинзифов, а сега веќе никој не знае каде се овие бисти и дали некогаш воопшто ќе бидат вратени во училишните дворови.

Сопките што меѓусебно си ги поставуваат ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ во борбата за позиции во коалицијата сега се претвораат во крупен проблем на државата, во која двоглавата власт не успева да обезбеди владеење на правото. Законот непречено се крши, а институциите на системот се понижени“, изјави Ана Павловска Данева.

Не може, рече Данева, во недоглед министерството за образование и полиција да си ја префрлуваат одговорноста.

„Владата како колективен орган, мора на јавноста да и соопшти како ќе му застане на пат на ова флагрантното кршење на законот во училиштата во Чаир и како планира да го спречи овој тренд да се прошири и во други општини“, рече Данева.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија