(ВИДЕО) Данев: Ќе побараме информација колку нови луѓе се ангажирани во државните институции

Од:

Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија најави дека ќе поднесат барање до Владата за да добијат информација колку нови луѓе се ангажирани или вработени во државните институции.

– Бараме да ни се достави оваа информација бидејќи јавноста секојдневно е бомбардирана со информации за вработувања на партиски војници, членови на таканаречената шарена револуција и лица кои што се во директни роднински релации со функционери од власта. Овие вработувања се спроведуваат без никакви огласи и без почитување на постапките, процедурите и критериумите, изјави Данев.

Со ова, според Данев, се врши партизација на државните институции и наместо професионални кадри се вработуваат партиски луѓе.

– Сите граѓани што поверува на СДСМ и на нивните зборови за транспарентност и професионалност се класично излажани и на дело ја гледаат партизацијата на сите државни институции на Република Македонија, рече Данев.

Тој додаде дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информациите треба да се достават во рок од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски