Дамјановски: Востанието е круна на долгата востаничка низа на македонскиот народ за слобода

Од:

Бројни делегации, од здужението на борците во Куманово, на Владата на Р.Македонија, Собранието, Претседателот, од локалната власт, Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, СВР Куманово, претсваници од француската и руската амабсада, јавни установи, институции, политички партии, граѓански здруженија денеска положија свежо цвеќе на Спомен костурницата во Куманово, по повод 11 Октомври и на тој начин го одбележаа Денот на востанието на Р.Македонија и Денот на борецот.

Општина Куманово со пригодна свеченост, со бројни спортски и културни манифестации го одбележува денешниот празник, меѓу нив и со традиционалното полагање на цвеќе на Спомен костурницата. Пред присутните со пригоден говор, се обрати градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој истакна дека Куманово заедно со Прилеп пред 76 години на 11 Октовмри се кренаа во борба против окупаторите.

Осврнувајќи се на историските моменти, Дамјановски посочи дека мотивот кај народот бил извојување на национална и социјална слобода на македонскиот народ и создавање на држава. Востанието, додаде, е круна на долгата востаничка низа на македонскиот народ за свое ослободување.

-За слободата што денеска ја имаме паднаа многу жртви.Нивните имиња се врежани во меремерните плочи на оваа величенствена Спомен костурница.Тие се тука како вечен спомен на кумановскиот и македонскиот непокор за едно славно и тешко време, рече Дамајновски.

Нашата заложба, истакна, е да се сочува плодот на нивната борба, мирот, стабичноста, рамноправноста, стремежот за подобро утре.

-Тоа е нашиот долг, кон жртвите на нашиот народ, тоа не обврзува на новите генерации да им го јакнеме сознанието дека својата подобра иднина можат да ја градат само преку труд, знаење, почитување на вистинските вредности и посветеност кон духот на слободата, разбирање и соработка меѓу луѓето и народите и државите. Куманово е град херој, да го зачуваме како таков, бидејќи историјата не повикува да имаме храброст за почитување на сегашноста, за да разумно ја градиме нашата иднина, рече Дамјановски.

Во Куманово по повод празникот се одржува турнир во тенис, пинг понг и одбојка, а претходно се одржа ателетски митинг.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври