Дамјановски во третиот мандат ќе ги решава проблемите на поголемите населби во Куманово

Од:

Инвестиции во водоснабдувањето, доизгрдаба на фекална канализација, изгрдаба на тротоари вети кандидатот за градоначалник од СДСМ Зоран Дамјановски на вечерашнава средба со жителите на населбата Бедиње.

Тој пред присутните рече дека изборната програма опфаќа два дела, едниот кој опфаќа капитални инвестиции кои се општ интерес за граѓаните, а вториот дел е наречен проект “Наше маало” каде се опфатени локалните потреби за граѓаните од месната заедница.

– Во Бедиње ќе се доврши изградбата на водоводната мрежа и ќе се постават тротоари на главната улица, неопходно за безбедноста на граѓаните, рече Дамајновски.

Кандидатот за градоначалник најави дека сите проблеми на жителите од различни месни заедници се опфатени во програмата.

– Во изминатите два мандати првин се концентриравме на решавање на проблемите од центарот на градот, во вториот мандат на проблемите од приградските населби, а во наредниот мандат ќе ги решаваме проблемите во поголемите населби, истакна Дамјановски.

Тој пред присутните најави и дел од капиталните инвестиции како што се изградба на економска зона во Речица и изгрдаба на еколошко-енергетски комплекс во Доброшане.

Дамјановски денеска оставри средба со стечајците од “УНИТ” и потенцира дека пакетот субвенции кој покрива трошоци за вода и ѓубрарина ќе продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско