Дамјановски: ВМРО-ДПМНЕ да не ги злоупотребува јавните институции

Од:

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски ги отфрли обвинувањата на против-кандидатите дека за време на изборите решава инфраструктурни проблеми и гради улици.

Тој нагласи дека локалната самоуправа нема започнато проект, кој не е во согласност со законот, туку само довршува улици кои се започнати неодамна.

Нашите политички противници ги фаќа паника, соочени со проблемите што ги имаат на терен, излегуваат со невистини и инсинуации кои се својствени за нивната валкана кампања што ја спроведуваат во изминатите 7 години. Посакувам фер кампања и избори, во кои ќе победи најдобриот. Апелирам претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги злоупотребуваат јавните институции како што се Здравствениот дом, Центарот за јавно здравје и останатите што ги посетија во изминатиот период – изјави Дамјановски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија